Ова е подарок од срце кој Норвешка сака да и го подари на Финска, така што не очекуваме ништо за возврат, само сакаме да им дадеме нешто навистина убаво за прославувањето на 100 години како слободна нација.
Насекаде низ светот земјите војуваат за да ги зголемат своите држави но, во овој случај Норвешка има желба да даде мал дел од својата територија на Финска без да бара било што за возврат. Градоначалникот на областа Кафјорд каде што е лоцирана планината, се надева дека овој гест ќе биде пример и поттик за други држави кои војуваат и се непријателски настроени едни кон други поради државните граници.
Промената на границата би зафатила само 31 метар од територијата на Норвешка, а на повеќето жители им се допаѓа идејата – само неколку политичари се спротивставуваат со дебати за нејзините уставни реперкусии.
Ова е симпатичен филм за многу уникатен вид на подарок помеѓу две нации, но, во неговото срце е нешто реално и релевантно “, вели Дејвид Фрејд, директор на Битката за роденденска планина. “Додека сме сведоци на зголемениите немири на меѓународните граници – од Украина и Русија, предложениот граничен ѕид на Трамп со Мексико – идејата зад” Роденденска планина “е редок меѓународен гест кој заслужува восхит”.
Норвешкиот премиер исто така ја поздравува идејата и смета дека тоа е “јасен знак дека Норвешка и Финска имаат блиски односи”, но вели дека тоа е во спротивност со член 1 од норвешкиот устав, во кој се вели дека кралството Норвешка е “неделиво и неотуѓиво”. Ова отфрлање во октомври 2016 година се споменува во филмот и Геирр Харсон вели дека нема да се повлече, надевајќи се дека документарецот може да создаде голема поддршка која што владата нема да може да ги игнорира.