Категории

Неверојатно: Огромни цветови расцветуваат кога под нив поминуваат пешаци

Џиновските цвеќиња што цветаат кога ќе поминете покрај нив можеби изгледаат нереално, но во Ерусалим, тие се вистински! Поставени се како дел од проектот за подобрување на плоштадот Валеро во градот, тие носат многу радост, светлина и сенка за граѓаните што живеат таму. 

Велат дека еден од најлесните начини за осветлување на просторијата е да додадете цвеќиња. Ерусалим одлучи да го искористи овој пристап кога го осветли градскиот плоштад Валеро. Во 2015 година, архитектонската фирма HQ Architects го инсталираше проектот наречен Вард – џиновски скулптури од црвени цвеќиња во центарот на плоштадот. Овие не се било какви цвеќиња, овие цвеќиња цветаат кога поминуваат луѓе или возови.

Прегледи:
495
Објавено на:
21.09.2021