Верувале или не, среде Скопје случајните минувачи забележаа невеста бегалка. Додека анонимната бринета бегаше во својата венчаница со бидерамерот во рака, по неа трчаше несудениот сопруг.
Оваа интересна ситуација сепак не е реалност, туку дел од најновиот спот на браќата Нуне и хармоникашот Војче Петрушев. Видео записот за песната „По патот“ е во изработка на Дарио Јанковиќ и раскажува едно нивно патешествие со комбето при кое се среќаваат со низа интересни ситуации, меѓу кои и невестата бегалка.
Спотот е сниман низ скопските улици, дел кај мостот во Сарај и кај пругите во Волково.
Дали на крајот имаше свадба или пак невестата бегалка успеа да избега, погледнете го цело видео!
Извор : Вистина.мк