Категории

Невестата која носела црно: „Сакав само да носам фустан во кој се чуствувам убаво.“

Повеќето жени сонуваат за свадба во бела, крем или венчаница во слична, светла боја. Традицијата вели дека црната боја не се носи на свадба, а оваа невеста решила да оди против сите предрасуди и да облече црна венчаница. 

Софи Качиа (25) од Мелбурн, е блогерка и мајка, го води блогот The Young Mummy и вели дека црната боја ја одрбала бидејќи го отсликува нејзиниот стил.

„Секогаш носам црно, мислам дека ми прилега оваа храбра и силна боја.“ вели таа.

Раскажува дека кога течеле подготовките за свадбата пробувала различни традиционални венчаници, но се чуствувала чудно, како да се спрема за маскенбал.

Нејзиниот сопруг исто така отишол наспроти традицијата, облечен во смокинг со кошула во кашмирски дезен, црна лак вратоврска и кожени панталони.

Раскажува дека гостите не биле многу изненадени кога ја виделе во црно, позјаваќи ја, а тоа според нив не е ништо чудо, сите прават свадби, нема зошто сите свадби да бидат исти.

„Не го направив ова за да привлечам внимание и да ме паметат како девојката која носеше црн фустан на венчавката. Сакав само да носам фустан во кој се чуствувам убаво.“ вели таа.

  

Прегледи:
502
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.04.2016