Австриското студио „Делуган Мајсл Асошиејтед Архитектс“ (ДМАА) проектиораше монтажна куќа наречена „Каза Инвизибиле“ („Невидлина куќа“), која може да се прилагоди на потребите на сопствениците и да се дислоцира на саканата локација.
Куќата, која се базира на дрвена рамка, има фасада од стакло, кое овозможува рефлексија на опкружувањето, со што објектот може лесно да се „сокрие“ и да стане „невидлив“, гарантирајќи им апсолутна приватност на нејзините станари.
Ентериерот на куќата функционира според едноставната шема на скандинавскиот дизајн со дрвени тонови и со бои од основната палета.
Ваквата куќа претставува одличен пример за зачувување на животната средина и овозможува кохезија со природните убавни што ги нуди нејизното опкружување.