Категории

Невропсихијатрите препорачуваат: Не слушајте музика додека работите

На многумина додека работат слушалките им се во ушите. На овој начин, освен што се оддалечуваат од бучавата и галамата, тие го подобруваат расположението и генерално мислат дека подобро работат. Сепак, дали некогаш сте се запрашале што се случува со мозокот додека слушате музика?


Во потрага по одговор, веб-страницата „Business Insider “ контактираше со Даниел Левитин, когнитивен невропсихијатар и автор на книгата „Ова е вашиот мозок на музиката“.

„Поудобно ви е додека слушате музика и се чувствувате попродуктивни“, вели Левитин, кој е музичар. Сепак, вистината е дека сепак сме помалку продуктивни. Тој посочи на бројни студии кои покажуваат дека нашата работа на интелектуални задачи (размислување, читање и пишување) опаѓа кога слушаме музика.

Една студија од 2010 година покажува дека луѓето имаат помалку меморија (кога треба да запомнат нешто додека има музика во позадина), во споредба со оние кои работат во тишина.

Слушајте музика 10 до 15 минути пред да започнете со работа.

Левитин објаснува дека кога слушаме музика, уживаме, ни се подобрува расположението и се опуштаме. Нашиот мозок лачи допамин, што ни дава „топло чувство на задоволство.“, Исто така, се лачи серотонин, кој ни го подигнува нашето расположение и ни помага да се фокусираме.

За жал, како што вели Левитин, слушањето музика ви одзема дел од вашиот капацитет за внимание, што значи дека ако слушате музика додека работите, имате помалку интелектуални ресурси за работата која ја извршувате. Исклучок се здодевните задачи кои се повторуваат. Музиката тука е дури и многу корисна бидејќи ни помага да се фокусираме.

Левитин вели дека ги применувал научните истражувања за музиката и продуктивноста во неговиот живот. Кога учи, чита или пишува, работи во тишина, а за време на паузата слуша музика, вежба или едноставно излегува во природа. Но, кога работи на релативно мачни задачи, како сметководство, тој вклучува музика.

Прегледи:
531
Објавено на:
26.09.2019