Дизајнерот Marc Jacobs синоќа ја претстави својата долго исчекувана колекција која одамна беше најавувата како моден спектакл. На дефилето одржано во престолнината на модата Њујорк зачекорија многу познати модели како Адриана Лима, Ирина Шајк, Тејлор Хил, Карли Клос, сестрите Хадид, Кендал Џенер и многу други. Колекцијата за која убедливо уште долго ќе се зборува е инспирирана од ’90тите. Пистата беше украсена со долги кабли со светилки и сино неонско светло што дополнително го зачини ретро духот. Моделите чекореа во вртоглаво високи потпетици, а главниот адут на вечерта беа фризурите популарно наречени „суканици”.