Категории

Ние сме човечки суштества но ние сме посилни отколку што мислиме

Без страдањето никогаш не би можеле да ја откриеме нашата вистинска сила, преку него откриваме колку всушност можеме да издржиме. 

Никој го нема тоа право да ти кажува кој треба да бидеш и да го контролира твојот живот, затоа што тоа е твој живот.
Твојот живот треба да биде живеен од тебе и од никој друг. Понекогаш им се препуштаме на луѓето, мислиме дека заслужуваат да го добијат најдоброто од нас, но понекогаш и тоа е најголемата измама која ни се случила. Не уништуваат и не уверуваат дека сето она во кое сме верувале претходно било лага.
Само ти знаеш што е најдобро за тебе, затоа што само ти живееш со своето срце и го знаеш неговиот ритам, знаеш што го тера да чука како лудо.
Секое искуство во животот е лекција која треба да биде научена.

Сите правиме грешки, зошто некои мислат дека се безгрешни и дека недозволиво е човек да потфрли?
Никој не смее да биде осудуван за своите грешки. Без страдањето никогаш не би можеле да ја откриеме нашата вистинска сила, преку него откриваме колку всушност можеме да издржиме.
Ние сме човечки суштества но ние сме посилни отколку што мислиме.

Прегледи:
471
Објавено на:
27.06.2020