Категории

„Nike“ постави „plus size“ кукли во своите излози!

Дали сте и вие дел од оние кои губат мотивација при гледањето на сите оние совршени тела на куклите по излозите во продавниците за спортска облека, а кои би требало да ги инспирираат потенцијалните купувачи конечно да започнат со вежбање, секако во нови, специјално дизајнирани парчиња за вежбање. „Nike“ конечно одлучи да додаде малку „месо“.

Продавницата на „Nike“ во Лондон почна да користи кукли со облини – оние кои изгледаат како да имаат вишок килограми, заоблен стомак, спуштен задник… Исто така, воведени се и параспорт кукли, за да се укаже на различностите и инклузивноста во спортот.
Има смисла кога знаеме дека спортот не е резервиран само за професионалци и атлети со совршена градба, како и дека многу повеќе мотивација во занимавањето со спорт им треба токму на оние кои се соочуваат со одредени препреки. Позитивните коментари кои ги доби оваа акција на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека е вистински погодок.
Многумина истакнале дека ова е важен потег кој ги охрабрува жените да го сакаат своето тело и дека без разлика на нивната големина можат да бидат убави и здрави.

„Потполно ни го испраа мозокот со тврдењето дека да си слаб значи да бидеш фит, а дека облините се нездрави. Затоа ова е супер“, изјавила Сара Хана, генералната менаџерка на компанијата Nike за жени во Европа, Средниот Исток и Африка.