Категории

Никогаш не доаѓајте во нечија куќа со празни раце

При средба со некого, можете да му дадете благослов, да му посакате среќа, радост и многу смеа. Овој начин на тивко дарување поседува многу голема сила.

Една од корисните работи кои ме научија во детството и на која ги научив своите деца – тоа е никогаш да не одат во туѓа куќа со празни раце, никогаш никому да не му доаѓаат без подарок. Вие можете да кажете „Како можам да им давам нешто на другите, кога во овој момент и мене многу ми недостасува?“

Можете да им донесете цвет. Еден цвет.

Можете да им донесете разгледница која ќе каже многу за вашите емоции кон личноста кај која сте отишле.

Можете да донесете комплимент.

Можете да донесете молитва.

Всушност, најмоќните поклони се оние нематеријалните. Подароците кои значат почит, внимание, благодарност и љубов, претставуваат некои од најдрагоцените подароци кои можете да му ги дадете некому, а не чинат ништо.

Донесете одлука да давате, каде и да сте тргнале, кого и да сте сретнале. Колку повеќе давате, на тој начин, благодарение на чудесниот закон на привлекување, добивате.

А кога повеќе добивате, вашата способност за давање, исто така се зголемува.

Ние ништо не губиме, затоа што нашата суштина е чист потенцијал и безгранични можности.

Прегледи:
563
Објавено на:
28.01.2022