Категории

Никогаш не е доцна – 74-годишна баба од САД заврши факултет

Пет повторно се врати на факултет и дипломира антропологија после 42 години откако запишала прва година на факултетот во Тенеси, а интерсно е и тоа што дипломира на ист ден како и нејзината внука Мелоди.

Пет запишала факултет во 1978 година а го напуштила после првиот семестар.
„Отсекогаш знаев дека ќе завршам факултет, но никогаш не помислив дека тоа ќе го направам заедно со својата баба“, рекла нејзината внука Мелоди.
Пет после напуштањето на факултетот основала семејство и се посветила на работата како книговодител. Семејството ја убедило да се врати на студиите и да дипломира, што веднаш прифатила после заминувањето во пензија.

Истакна дека уживала во посетувањето на часовите на факултет но и запознавањето на нови луѓе. „Учењето никогаш не престанува. Без оглед на тоа што правите во животот, никогаш не престанувајте да учите. Мојот татко ми го објасни тоа кога бев млада и никогаш не го заборавив“, рече веселата баба додавајќи дека тргнува во поход по уште една диплома, овој пат ќе запише студии по историја.

Прегледи:
876
Објавено на:
28.12.2020