Категории

Никогаш нема да можете да им удоволите на луѓето

„Сеуште не се родил човек кој успела да им удоволи на сите.“

Си бил еден брачен пар кој имал дванаесетгодишен син и магаре.
Одлучиле да отпатуваат за да би работеле и да го запознаат светот.
И се упатиле со своето магаре.
Во првото село слушнале коментари: „Погледнете го ова разгалено детиште. Додека тоа јава на магарето, неговите родители мораат да се влечат по него.“
На тоа жената му рекла на мажот: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“
Мажот го симнал детето од магарето и го јавнал сам.

Во следното село слушнале како луѓето зборуваат: „Погледнете го овој безобразник. Дозволува синот и жената да пешачат додека тој го јавнал магарето.“

Потоа одлучиле мајката да се качи на магарето додека таткото и синот го воделе животното.

Во третото село слушнале:
„Кутар човек. И покрај тоа што целиот ден работел на полето, му дозволил на својата жена да го јава магарето. А погледнете го и кутрото дете, покрај таква немајка тој нема нити да се радува нити да се смее.“

И потоа го продлжиле патот јавнувајќи го магарето сите тројца.

Во следното село слушнале коментари од луѓето:
„Па овие тројца се навистина стока во споредба со животното на кое јаваат. Ќе му го скршат грбот на кутрото магаре од својата тежина.“

И така одлучиле сите тројца да одат пешки покрај своето магаре.

Во следното село не им верувале на сопствените уши кога ги слушнале како луѓето велат: „Па погледнете ги овие будали. Пешачат и покрај тоа што имаат магаре кое може да ги носи.“

Прегледи:
542
Објавено на:
30.03.2020