Категории

Никогаш немој да бидеш со некој кој те третира како да си нешто обично

Никогаш немој да се задоволуваш со половина љубов

Никогаш немој да се задоволуваш со некој кој те третира како резервен план. Некој кој те става на второ место наместо да си му приоритет.
Никогаш не прифаќаш некој кој одбира време кога да ти одговори на твојот повик. Некој кој те прави да чекаш да ти врати на пораката.
Никогаш не прифаќај некој кој ти кажува колку му значиш но неговите дела никогаш не го докажуваат тоа. Некој кој умее да ги каже вистинските зборови но никогаш да ги направи вистинските нешта.
Ти не смееш да бидеш третиран како втора опција. Никогаш не смееш да бидеш замена.

Ти треба да бидеш првата и последната личност на која мисли кога ќе се разбуди и пред да заспие. Ти треба да бидеш личноста која со нетрпение ќе чека да ја види.
Чекај некого кој ќе се појави во вистинско време. Некој кој ги исполнува своите ветувања.
Чекај некого кој прво тебе ќе ти ги соопшти убавите вести, затоа што ти си најважната личност со која ќе сака да ја сподели својата среќа.
Чекај некого кого вистински го интересира што имаш да кажеш, некој кој ќе сака да ти го раскаже својот ден а не некој кој размислува за други нешта додека ти зборуваш.
Чекај некого кој ти покажува дека се грижи за тебе, кој сака да ти ги довери своите најсокриени нешта.
Некој кој ќе сака да му покаже на сиот свет дека ти му припаѓаш нему.
Те молам, немој никогаш да прифатиш нешто помалку. Затоа што ти заслужуваш да бидеш нечиј цел свет.

Прегледи:
601
Објавено на:
17.07.2020