Категории

Никогаш немојте да се откажете од себеси за да станете личност каква што другите посакуваат

Не откажувајте се од верзијата на себеси за да станете некоја верзија на себе каква што другите посакуваат да видат.

Тогаш кога почнуваш да го насочуваш својот живот на сето она кое те опркужува наместо на она што се случува внатре во тебе, во тој миг твојот живот застанува и ти престануваш да живееш.
Наместо твојот живот да стане незаборавно патување, тој ќе стане неиздржливо споредување со некој чие мислење воопшто не ти е важно.

Луѓето секогаш ќе се обидуваат да ги доведат во ред туѓите животи кога не можат да го средат својот нити најмалку. Кога го слушаш сопственото срце, можеш да направиш грешки, но тоа ќе бидат само твои грешки, а кога ги слушаш другите ти веќе не го живееш својот живот, туку пасивно посматраш што другите одбираат за тебе.

Никогаш нема да откриеш што е точно а што погрешно за тебе ако ги слушаш другите. Нема да знаеш што сакаш од животот, ќе се изгубиш себеси и ќе се претопиш во некоја личност која ни самиот не ја познаваш.

Не можеш да бидеш добар човек за другите доколку не си добар човек за себе. За да сакаш некој друг, прво мораш да се сакаш себеси. За да им го осветлиш патот на другите, прво мораш да носиш светлина во себеси.

Прегледи:
484
Објавено на:
08.03.2020