Животот не е фер, но и понатаму е убав.
-Животот не е фер, но и понатаму е убав.
-Ако сте во дилема, само превземете мал чекор.
-Животот е премногу краток за да не уживате.
-Немојте да купувате нешта кои не ви се потребни.
-Не морате да победите во секоја расправа. Останете искрени спрема себеси.
-Плачете со некој. Полесно се преболува отколку кога плачете сами.
-Во ред е да бидете лути на Бог. Тој може да го поднесе тоа.
-Чувајте се за нештата кои се важни.
-Кога е во прашање чоколадо, отпорот е залуден.
-Помирете се со своето минато, така нема да ја нарушите својата сегашност.
-Во ред е вашите деца да ве видат како плачете.
-Не го споредувајте вашиот живот со животот на другите. Немате појма каков е нивниот пат.
-Ако односот со некој треба да биде тајна, не треба да бидете во него.
-Се може да се промени за само едно трепнување. Но не грижете се, Бог не трепнува.
-Длабоко воздивнете, тоа ќе ве смири.
-Ослободете се од се што не е корисно. Нередот ве успорува во секоја смисла.
-Што нема да ве убие, сигурно ќе ве направи посилни.
-Никогаш не е доцна за да бидете среќни. Но се зависи од вас, а не од другите.
-Кога се работи за нешто кое го сакате во животот, не прифаќајте „Не“ како одговор.
-Запалете свеќи, ставете убава постелнина, носете секси долна облека. Немојте тоа да го чувате за посебни прилики, денес е посебен.
-Бидете подготвени но препуштете им се на случајностите.
-Никој не е одговорен за вашата среќа, само вие.
-Секоја катастрофа пречекувајте ја со следните зборови: „Дали за пет години ова ќе биде воопшто важно?“
-Секогаш избрирајте живот.
-Простувајте но не заборавајте.
-Што другите мислат за вас, не е ваша работа.
-Времето лечи се. Дајте му време на времето.
-Било да е ситуацијата добра или лоша, ќе се промени.
-Верувајте во чуда