Категории

Никој не може да ја одредува вашата вредност – За неа одлучувате само вие!

Престанете да барате докази за вашата вредност на други места, во други луѓе..

Престанете да барате докази за вашата вредност на други места.
Немојте да барате изговори зошто не смеете да се сакате себеси – поради тоа што имате таква фризура, онаков стас, таков изглед.. Ништо од тоа нема никаква врска со вашата вредност нити може да влијае на тоа да бидете помалку вредни од другите.
Кој ви рекол дека постои една универзална норма за тоа како треба да изгледа некој кој е вреден?

Вистинската вредност се наоѓа внатре во вас, тоа е оној сјај кој не дзволувате да потемни и колку другите да фрлаат сенка врз вас. Никој не поседува вага за да ја измери неговата вредност а неа можете да ја спуштите само вие кога ќе се задоволите со нешто кое ве понижува како човечки битија.

Тогаш кога ќе сфатите дека вашата душа не е на аукција и никој не може да ја одредува нејзината цена ќе сфатите дека поседувате нешто многу скапоцено и само оние кои ги делат вашите вредности ќе бидат доволно силни да ви се приближат. Само тогаш ќе бидете вистински задоволни со себеси и никој нема да може да застане помеѓу вас и вашата вредност.

Прегледи:
424
Објавено на:
20.04.2020