Категории

Ништо од ова што се случува сега нема да е важно по една година – Ослободите се од грижите и живеј!

Секое утро ја полнам мојата шака со песок, а потоа оставам да ми се излизга по прстите, и замислам дека песокот е мојот живот. Одбројувам и гледам како се намалува од момент во момент. И тогаш сфаќам дека е исто и со мојот реален живот. Денес е пократок од вчера, а утре ќе биде уште пократок од денес. Дали треба да се грижам повеќе за некои глупави грижи за кои порано се грижив? Да се инаетам, споредувам? Со ова малку време пред нас, избирам само едно – да живеам.

И пред да истече сиот песок, сакам да живеам. Да чекорам низ светот без да ги осудувам другите. И ништо да не сфаќам премногу сериозно. Да ги оставам битките што не се мои. Да останам блиски со луѓето кои сè уште веруваат во моќта на нежноста и добрината. Да им дадам предност на оние кои никогаш не ме принудуваат да се променам. Тие ги прифаќаат секој таков каков што е. И кога ќе истече последното зрно песок, нема да плачам. Ќе го чекам со нетрпение. Затоа што беше убаво да се живее тој мал момент во вечноста. Некогаш помалку, некогаш повеќе. Но вредеше.

Прегледи:
477
Објавено на:
20.03.2022