Категории

„Ноќните волци“ на Путин на пат кон Македонија (ФОТО)

Најголемата моторџиска група во Русија, „Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја започнува својата турнеја под името „Словенски свет 2016“.

Во маршот кој го нарекуваат и „јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји, меѓу кои и Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

Генералниот шеф на руската мото туристичка организација Евгениј Стронгов појаснил дека турнејата се планира во наредните шест месеци, со цел јакнење на соработката меѓу Русија и земјите од словенско потекло.

– Сакаме да ги поврземе православните земји од словенскиот свет. На Балканот ја имаме Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и мислам дека таму може да се чуствуваме како домаж – рекол за бугарското национално радио Строгов.

„Ноќните волци“ ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат „Хирург“, а групата постои од 1980 година, кога е основан како клуб на љубители на мотоцикли и рокенрол.

2

3

4

Прегледи:
722
Објавено на:
24.06.2016