Валенсија и нанесе голем удар на Барселона во трката за титулата, каталонците губат на трет натпревар по ред во Примера, Мадрид слави.
Трката за трофејот во Примера станува супер интересна, на пет кола до крајот Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се во еден бод.
По поразите од Реал Мадрид и Реал Сосиедад, вечерва и Валенсија го зема скалпот на каталонскиот тим.
Барса нападна уште од самиот старт, но со помош на Ракитиќ во 26. минута Валенсија дојде до водство од 1-0.
Пред самиот крај на првиот дел Мина зголеми на 2-0 и ја најави победата на Валенсија.
Во 63. минута Меси постигна погодок, негов 500. во кариерата, но тој се покажа недоволен за спас од пораз.
Барса напаѓаше, но Валенсија имаше неколку фантастични шанси од корна, резултатот остана непроменет на голема радост на екипите од Мадрид, Атлетико и Реал.
Претходно Атлетико Мадрид со головите на Коке, Торес и Кореа со убедливи 3-0 ја совлада Гранада.
Барселона останува на првата позиција но сега има исто бодови како и Атлетико Мадрид, еден бод помалку од нив има Реал.