Категории

Нова драма во односот меѓу Тејлор Свифт и Кeлвин Харис

Иако на крајот на мај Тејлор Свифт и Кeлвин Харис ја прекинаа својата врска, се уште се зборува и се шпекулира за причината за нивното прекинување.

По објавувањето на сликите на кои Тејлор се бакнува со нејзиниот нов дечко, Том Хидлсон, започнаа да се шират гласнини дека тој е причината за нивното прекинување. Некои коментираа дека пејачката сакала брак, но на Кeлвин тоа не му паѓало на памет. Сега, наводно е откриена вистинската причина за нивното прекинување.

Причината е поврзана со хитот на Кeлвин “This Is What You Came For” со Ријана, која всушност ја напиша самата Тејлор. Во едно радио интервју, Харис изјави дека тој и Тејлор никогаш нема да соработуваат заедно, а оваа информација подоцна беше потврдена и од гласникот на Тејлор.

Но, Харис не можеше да се воздржи и на Твитер го напиша своето мислење: “Ме боли тоа што таа и нејзиниот тим се подготвени да одат толку далеку, да направат јас да се чувствувам лошо. Знам дека не си на турнеја и дека ти треба некој нов, кого ќе го поткопаш како Кејти Пери, но, за жал, јас нема да бидам таа личност. Тоа нема да ти го дозволам”.

Тој исто така додаде дека Тејлор треба да се фокусира на нејзината нова врска.

За разлика од него, Тејлор и понатаму мирно молчи.

Прегледи:
423
Објавено на:
14.07.2016