Категории

Нова ера на модни ужаси – Ким Кардашијан со кожна маска преку целото лице

Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, но не на инаку позитивен начин. Со нејзиниот избор, таа беше мета на многу критики.

Таа ги изненади сите кога во саботата се прошета по улиците на Њујорк, облечена во кожа од глава до пети. Но, буквално. На нозете носеше црни кожени чизми со потпетици, црни кожени панталони, црна кожна маица и преку неа црн кожен капут. Сепак, најмногу внимание привлече црната кожена маска преку нејзиното лице од која излегуваше само долга испеглана опашка.

Таа, исто така, објави фотографија од облеката на својот профил на Инстаграм, каде згрози многу фанови.

“Што по ѓаволите е ова?”, “Дали си добро?” Сериозна си?“,„ Ова се вика мода? “, Се само некои од коментарите.