Категории

Нова метода за совршена кожа – “Jamsu” техниката која го освои светот

Новата медота во светот за убавина наречена “Jamsu” потекнува од Азија а за кратко време стана огромен хит

Професионалните визажисти за убавина од Азија измислија нова метода за нанесување на шминка која загарантирано дава беспрекорна мат кожа без видливи недостатоци.
Подгответе се, оваа метода е доста необична но вистински делува.

Чекор 1 – Подгответе ја кожата
Нанесете прајмер а ако е потребно и коректор. Кога ќе добиете изедначен тен, застанете тука затоа што следува токму чекорот во кој ќе ја направите ова метода пред да нанесете шминка на очите и веѓите.

Чекор 2 – Земете бебешка пудра
Ставете бебешка пудра во дланките и ставете го вашето лице во нив, со лесни движења добро раширете ја бебешката пудра по лицето. Нека биде во дебел слој иако на некои места ќе испадне. Немојте да се вознемирувате, тоа е нормален чекор.

Чекор 3 – Земете сад и во него истурете студена вода
Ова е всушност и главниот и најважен чекор. Ставете студена вода во некој сад и нурнете го вашето лице во неа.
Кога ќе излезете, ставете пешкир на градите за капките да не паѓаат на вашата облека. Никако немојте да го бришете лицето, оставете го да се исуши самото од себе.

Оваа чудна техника всушност е со намена за фиксирање на тонот така што можете да бидете сигурни дека шминката нема да ви се размачка и нема да добиете масна Т зона во текот на денот а вашата кожа ќе биде беспрекорно мазна.

Кога кожата ќе се исуши, можете да продолжите со вооичаеното шминкање. Нанесете руменило, сенки, дополнете ги веѓите и нанесете маскара.

Во видеото подолу ја имате целосната постапка детално направена.