Категории

Нова опција на „Вибер“

„Вибер“ деновиве ќе ја активира опцијата „Сикрет четс“, којашто ќе значи поголема дискретност за корисниците.

Станува збор за чет-разговори каде што пораките, по наша желба  и потреба, ќе можат автоматски да се избришат, откако оној кон кого се испратени, ќе ги види. Уште повеќе, таквите „тајни пораки“ нема да може да се зачувуваат преку „принт скрин“…

Целиот разговор ќе остане криптиран во рамките на „Вибер“. Корисникот ќе може да води два паралелни разговора (еден обичен и еден таен) со ист соговорник или група. Тајниот чет е означен со катанче.

Прегледи:
474
Објавено на:
16.03.2017