Популарниот high street бренд Mango ја претстави својата кампања за новата колекција која го прославува разиграниот младешки дух преку веселите вибрантни креации и идиличните летни пејсажи. Колекцијата се состои од парчиња актуелизирани според најновите трендови како цветни фустани со карнери и широки ракави, летни јакни со колоритни мотиви, дводелни одела, кошули, маици и уште многу друго. Погледнете ја целата кампања која донесува изобилие на позитивни вибрации што со сигурност значи ќе ги освои сите девојки кои имаат авантуристички дух.