Тоа дека балетот е рамноправен со останатите спортови, докажува Puma во својата нова кампања. Нивната последна колекција за претстојната пролетна сезона е насловена како “Swan Pack” и е осмислена во соработка со New York City Ballet – реномирано балетско друштво кое инспирира со својата моќ и грациозност комбинирајќи ја функционалноста со стилот. Освен спортски парчиња, во колекцијата се најдоа и парчиња инспирирани од вистински лебеди како перја, ткаенини во нежни бои и црно-бели парчиња.
Оваа колекција без сомнение ќе стане хит, погледнете ги парчињата кои ги носи една од познатите балерини.