Категории

Новата кул дизајнерска колекција на Џиџи Хадид со Tommy Hilfiger

Од мај оваа година беше познато дека Џиџи повторно ќе застане во улога на дизајнер и повторно ќе ги сплоти силите со модната куќа Tommy Hilfiger во создавањето на новата заедничка колекција 3-та по ред.

Tommy x Gigi колекцијата овој пат ја сочинуваат кул edgy парчиња што е вистинско изненадување за разлика од претходните колекции кои беа повеќе разиграни и женствени.

Како најдоминантни парчиња се појавуваат кожни панралони, нитни, мрежасти чорапи, и темни бои. Може да се каже дека целокупната колекција носи grunge вибрации што е резултат на тоа што Џиџи е голем љубител на истоимениот музички правец.

Прегледи:
323
Објавено на:
06.09.2017