Категории

Со новата опција на Google Maps, луѓето ќе можат да ги истражуваат планетите

За сите љубители на вселената и планетите, следува одлична вест. Од Google ја претставија новата опција на Google Maps која им овозможува на луѓето да ги истражуваат планетите како Венера, Меркур и Плутон, како и неколку замрзнати месечини во нашиот Сончев систем.

Со новата опција луѓето ќе можат да се движат помеѓу небесните тела, да ги ги доближуваат планетите и месечините.

Овој проект е инспириран од леталото Касини, кое има испратено многу фотографии, кои отркиваат нови делови од Јупитер, Сатурн и нивните месечини. Исто така, можете да ги истражувате и замрзнатите месечини Церера, Ио, Европа и Мимас.