Со цел да ги охрабри корисниците да испраќаат приватни пораки едни на други, Instagram воведе нова опција наречена “Remixing”, која овозможува да ги прилагодите фотографиите на вашите пријатели.
Со нова опција, корисниците можат да ги уредуваат фотографиите на пријателите што ги примаат како приватни пораки. Некои од специјалните ефекти меѓу алатките за уредување се и стикерите, колажите, разните фонтови и многу други.
На овој начин можете да ги изненадите вашите пријатели, па дури и да ги насмеете. Исто така може и да контролирате и колку пати сакате да ја погледнете фотографијата при испраќање, со избирање помеѓу опциите „еден преглед“ или „повторна репродукција“.
Тинејџерите веќе започнаа да ја користат оваа опција со цел да ги исмејуваат своите пријатели, додека повозрасните ја користат оваа опција со цел да ги насмеат своите пријатели.