Категории

Новата пролетна колекција на Mango е весела и разиграна

Шпанскиот high street бренд Mango ја претстави кампањата за својата најнова колекција наменета за сезоната пролет/лето 2017.
На едиторијалот на модниот бренд, главна улога играат моделите Mica Arganaraz и Frederikke Sofie кои веќе се навикнавме да ги гледаме во кампањите на Mango. Сончевиот пустински амбиент го долови познатиот фотограф Mario Sorrenti додека за стајлинзите беше задолжена Aleksandra Woroniecka. Прозрачните лепршави фустани, јакни, вибрантни бои и весели впечатливи тонови се главните симболи во оваа колекција во која ќе уживаме во претстојната топла сезона.

Прегледи:
240
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.01.2017