Категории

Новата Yeezy колекција на Кајне Вест

Познатиот рапер и моден дизајнер Кајне Вест како дел од Модната недела во Њујорк ја претстави својата најнова Yeezy колекција. Презентацијата – за разлика од неговата последна ревија, на која моделите како резултат од топлината и сонцето се онесвестуваа на тревникот, овој пат се одржа во прифатливи услови. Не само тоа, неговата колекција се чини исклучително погодена за носење. Таа вклучува голем број парчиња од тексас, фармерки, ретро модели на јакни и блузи, кожни чизми и панталони. Сите парчиња проследете ги во галеријата подолу!

Прегледи:
437
Објавено на:
17.02.2017