Категории

Нови детали за венчавката на Џастин Бибер и Хејли Болдвин

После брзото запросување, парот сепак малку ќе почека пред да застане пред олтарот.

Пејачот Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, во јули ја потврдија веридбата, после само еден месец врска, а сега близок извор на парот откри кога можеме да ја очекуваме нивната венчавка.

“Ќе се венчаат дури следната година”, рекол изворот за “TMZ”, и додал дека нивната веридба воопшто не била набрзина, бидејќи “Џастин со години е зљубен во Хејли”.

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Единствен друг познат детаљ околу нивната венчавка е тоа дека деверуша на младата манекенка ќе ѝ биде нејзината 25-годишна сестра Алаја Болдвин и братучетка ѝ Ајрланд Бодлвин, кој го откри нејзината тетка Ким Бесинџер.

“Тоа ќе биде многу забавно. Алаја и Ајрланд одвај чекаат. Сето тоа ми е многу слатко”, напишала на социјалните мрежи после нивната веридба, Бесинџер за “Us Weekly”.

 

A post shared by Hailey Baldwin (@haileybaldwin) on

Хејли и Џастин се запознале во 2009-та, а прв пат биле заедно во 2014-та, па прекинале после една година.

Прегледи:
406
Објавено на:
14.08.2018