Софија е најнапредниот робот создаден од страна на Hanson Robotics. Неодамна, таа доби новиот сет на нозе, со кои сега таа може на направи неколку бавни чекори, а дури и да изигра неколку танцови потези. Можеби се мали чекори за Софија, но, со сигурност се големи за роботите од овој вид.
Креатор на роботот е Дејвид Хенсон, основач на „Hanson Robotics“, човекот кој целата своја кариера ја посвети да направи „робот со душа“ и чија цел е да ги научи роботите на креативност и емпатија, човечки особини што се неопходни за да не се доживуваат роботите како машини.
Нејзината кожа е изненадувачки реалистична. Направена е од материјал наречен “frubber”, што и овозможува да трепка, да ја движи устата и природно да ја врти главата.
Со новиот сет на нозе, Софија може да направи неколку чекори, па дури и да изигра некои тацови потези.