Категории

Новите истражувања ги рушат сите заблуди во кои верувавме за вечерното пиење на кафе

Според новото истражување кое што е спроведено од страна на американски научници од универзитетот Флорида Атлантик и Медицинскиот факултет Харвард, пиењето кафе или чај непосредно пред спиење не влијае на квалитетот на сонот.

Тие набљудувале 785 лица во текот на 5.164 дена и ноќи и запишувале колку кофеин, алкохол и никотин консумирале, пренесува Independent.

 

Тимот направил споредба на нивното консумирање со резултатите од дневниците за спиење и сензорите на зглобовите кои го забележувале времето на спиење, ефикасноста на спиењето и колку брзо се буделе.

 

За време на студијата, околу 40 проценти од групата консумирале кафе најмалку едно навечер, во просек по шест ноќевања од човек. Анализата потврдила дека никотинот и алкохолот го нарушуваат спиењето и дека една испушена цигарата во доцните часови го крати спиењето за 42 минути, но додека кофеинот го нема тој ефект.

 

Д-р Кристин Спадола од Универзитетот во Флорида Атлантик соопштила дека оваа студија претставува една од најголемите студии за вечерното консумирање алкохол, кофеин и никотин со објективно мерење на ефектите врз спиењето.

 

“Не најдовме врска помеѓу внесувањето на кофеин до четири часа пред спиење и било какви параметри за спиење”, додаде таа.

Прегледи:
503
Објавено на:
15.08.2019