Категории

Ново откритие фрла светлина врз најголемата мистерија за Кеопсовата пирамида

Откритие кое фрла нова светлина на начинот на градење.

Седумдесет години после исчезнувањето, на шкотскиот универзитет во Абердин се пронајдени артефакти стари 5000 години кои припаѓаат на Кеопсовата пирамида. Во прашање се парчиња кедровина која е пронајдена во кутија цигари, објавуваат научниците. И изразиле очекувања дека ова откритие може да помогне во проширување на знаењето за мистериозната пирамида.

Предметите кои припаѓаат на Кеопсовата пирамида во 1872 годин аги откри британскиот археолог Вејнман Диксон помеѓу кои беа топка и бронзена кука кои веројатно се користеле во изградбата. Сите овие предмети се чуваат во британскиот музеј.

Меѓутоа, остатоците од кедровина за кои исто така се верува дека се користени во градбата во меѓувреме исчезнаа. Тие биле донирани на универзитетот во 1946 година и од тогаш им се губи секоја трага.

Кон крајот на минатата година, при прегледот на предметите во музејската збира на универзитетот во Абердин, египетскиот кустос Абер Еладани пронашла нешто што не припаѓа тука. Во прашање била кутија цигари и во неа парчиња од исчезнатата кедровина.

„Веднаш штом ги проверив броевите во нашиот египетски регистар, веднаш знаев за што се работи“ – вели Еладани.

„и порано работен на археолошките ископувања во Египет, но не можев нити да помислам дека баш тука на северот на Шкотска ќе пронајдам нешто толку важно за наследството на сопствената земја“, додава.

Нил Куртис, управникот на музејот смета дека ова откритие додатно ќе го расветли начинот на кој настанала Големата пирамида.

Големата пирамида е висока 139 метри и е изградена пред 4500 години. Таа е најголема пирамида во збирот на пирамиди во Хиза и единственото сочувано античко светско чудо.