Во текот на овие празници, покрај новогодишната елка и стандардните новогодишни украси, освежете го домот со несекојдневен и практичен украс – новогодишен ананас.
Идејата за украсување на ананасот ги освои социјалните мрежи и многу домови.
На прв поглед, украсувањето на ананас изгледа многу чудна идеја. Но, во суштина, оваа идеја е доста практична, особено за оние кои не го сакаат традиционалното украсување.
Во прилог, погледнете ги идеите како да го украсите ананасот. Тој ќе изгледа впечатливо, без оглед на тоа во која просторија ќе го поставите.