Категории

Њу Делхи ќе ја ограничи употребата на возила поради опасниот воздух!

„Таџ Махал е во магла, невозможо е да сликате чисти слики“, велат некои од жителите на главниот град во Индија.

Воздухот во Индија е повеќе од загаден, а една од мерките коишто ќе се преземат оваа недела е ограничување на употребата на возила.

Њу Делхи се рангира како еден од најзагадените градови во светот секоја година пред почетокот на зимата.

Меѓу мерката за ограничување на возила, градот одлучи како дополнителна мерка да биде затворање на училиштата барем неколку дена бидејќи градот станува опасно место за живеење, стана втор по загаденост после Лахоре во Пакистан.

Според анализа на истражувачки студии на списанието Down to Earth, преголемата загаденост на воздухот резултира со мала тежина при раѓање, предвремено раѓање, мртво раѓање, доцнење во развојот како и ограничен раст кај децата.

Прегледи:
218
Објавено на:
09.11.2023