Денес е 14 јануари, ден кога христијаните го слават празникот Василица.
Овој празник се одликува со многу обичаи коишто се пракикуваат меѓу народот.
Имено, слично како и за Бадник, и на Василица се крши лепче со паричка и се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.
Исто така, се палат и василичарски огнови, а верувањата се дека истите ќе ги протераат лошите сили.
Во многу градови низ Македонија се организираат карневали, од кои најпознат е вевчанскиот.
Луѓето се маскираат, пеат и танцуваат низ улиците.
Атмосферата е придружена со греано вино или ракија и со весела музика.