Категории

Објавила фотогографија „пред и потоа” и на сите кои сакаат да ослабат им испратила силна порака

И покрај фразата дека „килограмите се само број“, многумина и понатаму се оптоварени со резултатите кои им ги покажува вагата. Затоа, овој личен тренер одлучил со светот да сподели фотографија која го покажува токму тоа.

За да ги охрабри луѓето помалку да бидат загрижени за бројот кој го покажува вагата, Јола од Холандија на својот профил на Инстаграм објави фотографија која покажува дека килограмите навистина се само број и дека не го одредуваат нашиот изглед.

„3 години, 6 килограми и ново бикини“, напишала таа под фотографијата која ја прикажува како позира со 58 кг (2013 година) и 64 кг тежина (сега).

Јола пред три години имала витка фигура и рамен стомак, но ѝ недостасувала дефиниција.

Меѓутоа, на сегашната фотографија има 6 килограми повеќе, но и значително подефинирано тело, завидни стомачни мускули и поголеми мускули.

Мускулите се потешки од мастите, па ако тренирате и забележите дека добивате килограми на вагата, тоа не би требало да ве загрижува ако се придржувате до инструкциите од тренерот и ако здраво се храните.

Прегледи:
493
Објавено на:
15.07.2016