Категории

ОД БЕГАЛКА ДО ОЛИМПИЈКА: ЗАЕДНО СО СВОЈАТА СЕСТРА СПАСИЛА БЕГАЛЦИ ВО ЧАМЕЦ ТУРКАЈЌИ ГО ДО КОПНОТО!

Јусра Мардини имала само 17 години кога со својата сестра избегала од Сирија. На нивниот чамец му се расипал моторот, а таа, нејзината сестра и уште една жена биле единствените коишто знаеле да пливаат.
Тие го туркале чамецот сè до крајбрежјето и ги спасиле и останатите.

Во оној момент кога ќе го чуе сигналот и ќе скокне во олимпискиот базен во Рио де Жанеиро, Сиријката Јусра Мардини (18) нема да биде под притисок како останатите пливачки. Таа е сè, само обична тинејџерка не. Таа ќе плива за репрезентацијата на бегалците во Рио де Жанеиро и тоа овојпат за постигнат резултат, а не за својот живот и за животот на својата сестра, како кога завршиле во ладното Егејско море откако среде патувањето им откажал моторот на чамецот.

Јусра израснала во Дамаск, каде тренирала гимнастика и пливање со поддршка на Олимпискиот комитет на Сирија. Обожувала да плива, а нејзиниот татко бил пливачки тренер. Во 2012-та, на возраст од 14 години, таа ја претставувала својата земја на Светското првенство во пливање во 200 метри мешано и 200 и 400 метри слободно.Нејзините резултати биле ветувачки, но војната ставила точка на сè.

За момент сè се сменило, а базенот во којшто Јусра тренирала уште од мали нозе бил уништен од бомби, а кога една од гранатите завршила во нивната семејна куќа, тие одлучиле – Мора да заминеме. Знаевме дека ќе биде опасно и дека можеби и ќе загинеме на патот. Но ние веќе бевме мртви во својата земја. Ништо не можевме да направиме – раскажува храбрата Јусра која избегала со постарата сестра Сара и двајца роднини од страната на нејзиниот татко.

Јас пливачка, а да умрам од давење? Нема шанса…

FILE - This is a Monday, Nov. 9, 2015 file photo of Yusra Mardini from Syria poses during a training session in Berlin, Germany. They’ve fled war and violence in the Middle East and Africa. They’ve crossed treacherous seas in small dinghies and lived in dusty refugee camps.They include a teenage swimmer Yusra Mardini from Syria, long-distance runners from South Sudan and judo and taekwondo competitors from Congo, Iran and Iraq. They are striving to achieve a common goal: To compete in the Olympics in Rio de Janeiro. Not for their home countries, but as part of the first ever team of refugee athletes.(AP Photo/Michael Sohn, File)

Стигнале до Бејрут, па Истанбул и на крај во Измир, од кадешто со чамец со уште 18 мигранти требало да стигнат во Грција. Всушност тие го следеле патот по кој пред нив минале речиси четири милиони бегалци. Пронашле чамец и мислеле дека се на само еден чекор до слободата. – Бевме 20-мина во бродот. После половина час ни откажа моторот. Изгубив сè, мојата облека, личните предмети, дури немав и патики – раскажува 18-годишната Сиријка од Дамаск.

Голгота долга цели 120 километри…

Бродот бил наменет за шест до седум лица, а нивниот број бил три пати поголем. Кога се расипал моторот, настанала општа паника. На бродот само Јусра, нејзината сестра и уште една жена знаеле да пливаат. Сите мислеле дека ќе се удават. Но, тие без многу размислување скокнале во морето и го туркале чамецот четири часа, додека не стигнале на островот Лезбос. Биле потполно исцрпени. Со секој бран којшто удирал во бродот тие губеле сила. Но не се откажувале. Да не биле тие, веројатно сите на бродот би се удавиле или би умреле од жед.

Сакавме да јадеме и пиеме, имавме пари, но не ни дозволија…

Но, тука не е крајот на нивните маки. Кога конечно дошле до копното, биле немоќни, уморни, гладни и жедни. И иако изгубиле поголем дел од своите предмети, тие ги сочувале парите и веднаш тргнале во потрага по вода и храна.

Видовме некаков ресторан во Грција и влеговме како би земале нешто зајадење и пиење. Бевме ужасно исцрпени. Но, не ни дадоа бидејќи мислеа дека ќе украдеме нешто. А напоменавме дека имаме пари. Воопшто не сакаа ниту да не сослушаат – раскажува Јусра.

Да, имаме iPhone, дали е тоа нешто чудно? Вие немате?

Паметните сестри ги ставиле парите, мобилните телефони и документите во водоотпорна вреќичка – После некое време сепак ни дадоа да купиме вода. А нè виде и една девојка и ни подари патики и пандолани – раскажува Јусра.

На својот пат таа сретнала многу добри луѓе, но и многу кои си зимале за право да им судат на бегалците и да ги осудуваат, бидејќи некои од нив имале скапи мобилни телефони.

Многумина мислат дека ако бегалците немаат дом, дека немаат ништо. Понекогаш се чудат кога ќе го извадам мојот iPhone. Мислат дека живееме таму во некаква пустина. Не, ние имаме сè како вас. Само моравме да побегнеме од војната и стравот – додава Јусра, која на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе биде дел од репрезентацијата на бегалците.

Штом стигнале во Германија, Јусра се запишала на пливање

jusra-mardini-od-sirija-do-rio-novo-04

После бегањето колку што е можно подалеку од воената Сирија и трауматичното искуство во Егејското море, Јусра и нејзината сестра стигнале до Германија каде биле сместени во бегалски камп. Близу бил пливачкиот центар па Јусра се пријавила и ги воодушевила тренерите.

Со помош на преведувач од Египет, таа стапила во контакт со Wasserfreunde Spandau 04, еден од најстарите пливачки клубови во Германија,а тренерот Свен Спанекребс веднаш почнал да верува дека Јусра е доволно добра за да го претставува клубот. Но во текот на следните месеци таа толку брзо напредувала, што во клубот почнале да зборуваат и за тоа дали може да биде спремна за Олимписките игри во Токио 2020.

jusra-mardini-od-sirija-do-rio-novo-05

Но Јусра ги исполнила олимписките норми и се пласирала за Рио 2016.

Многумина во мене гледаат инспирација и нема да ги разочарам. Сакам да покажам дека ние не сме само жртви, туку дека можеме нешто и да постигнеме. Ние сме како сите останати – вели Јусра. Денес таа живее во Берлин и сонува за едно нешто за коешто сонуваат и сите останати спортисти.

Секако дека сонувам за медалја – вели оваа Сиријка.

Сакам да ги инспирирам и сите останати

Јусра во Рио ќе се натпреварува на 100 метри слободно и делфин.

– Сакам да ги претставувам сите бегалци во Рио и да им покажам на сите дека после сето патење и бурата, доаѓаат и мирни денови. Сакам да ги инспирирам останатите да направат нешто добро во своите животи – додала храбрата пливачка, за чијашто приказна се заинтересирал и Холивуд, па наскоро за нејзиниот живот и храброста би можеле да гледаме и на големите платна.

Прегледи:
664
Објавено на:
08.08.2016