Категории

Од бездомник до манекен: Не се потстрижил 25 години a кога се погледнал во огледало, ги насолзил очите

55-годишниот Хозе Антонио е бездомник од Шпанија кој преку ноќ станал интернет сензација. Имено, еден локален фризерски салон му понудил целосна трансформација, вклучувајќи потстрижување, бричење, фарбање и нова облека, па Хозе од бездомник станал вистински манекен.

Пред третманот Хозе имал долга неуредна седа брада и масна коса која растела 25 години. Тој одвај преживувал на Мајорка каде работел на нерегистриран паркинг како чувар, за да успее да собере доволно пари за храна.

Промената која Хозе ја доживеал била толку голема, што вработените во локалниот бар, околу кој често им помагал на луѓето да пронајдат паркинг место, не го препознале. Самиот Хозе исто така заплакал кога прв пат го видел својот нов одраз во огледалото.

Хозе е поранешен електричар кој поради депресија ја загубил работата и завршил на улица. Оваа трансформација го променила неговиот живот. Повеќе не живее на улица, а од една компанија добил и финансиска помош. Сега треба само да пронајде нова работа.

– Ова не беше само промена на изгледот, ова го промени мојот живот. Се што сакам сега, е да пронајдам нова работа – рекол Хозе.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
566
Објавено на:
20.03.2017