Категории

ОД ФРИЛЕНС ДО ГЛОБАЛЕН УСПЕХ: КАКО ДА РАБОТИТЕ ЗА СВЕТСКИ КОМПАНИИ

Драги фриленсери, стартапџии и љубители на добра дружба,

Среќни сме што ви ја најавуваме нашата трета #ФриленсерскаДружба која ќе се одржи во среда 29.03.2023 година во нашето збирно место Среќа bar&food, овој пат нашата дружба го носи насловот: Од фриленс до глобален успех: Како да работите за светски компании.

Во рамки на настанот ќе ја имате можноста да се запознаете со Елена Костоска и Дарко Здравковски кои како наши гости со вас ќе го споделат градењето на фриленс кариера од самите почетоци до нивниот глобален успех.
Запознајте ја Елена
Фриленсингот за Елена започнува како хоби и интерес и прераснува во успешна кариера како консултант за маркетинг и проектен менаџмент. Инспирирана од можностите кои ги нуди тој свет, Елена последниве неколку години води лидерски тимови и добива можност да работи со брендови како Salesforce,Puma и Coinbase.
Таа исто така организира приватни настани за дизајн и маркетинг заедници со лидери во индустријата како HubSpot, Adobe и Marpipe заедно со нејзиниот маркетинг тим,од кои потоа се споделуваат ресурси со глобална публика. Нејзиното менторско искуство е во неколку организации меѓу кои WomenInTech и Impact Foundation.
Елена моментално работи на својата прва книга за продуктивност, држи работилници за LinkedIn, маркетинг и проектен менаџмент и успешно пивотира во технологија
како ново поле коешто сака да го истражи.
Запознајте го Дарко
Дарко е искусен графички/маркетинг и UI дизајнер со страст за креирање бренд идентитети, дизајнирање завладувачки реклами и создавање ангажирачки кориснички интерфејси. Во текот на неговата кариера, Дарко имал привилегија да работи со светски познати брендови како што се Аmazon, Мeta, Whatnot, Brex, Intuit, итн. развивајќи ефикасни рекламни стратегии што резонираа со милиони луѓе.
Неговата експертиза во брендирање на идентитетот на брендот му овозможува да создава дизајни кои не само што ја грабнуват суштината на бизнисот, туку и ги комуницираат неговите вредности на светот. Тој се гордее со својата способност да мисли стратегиски и да доаѓа со иновативни идеи кои помагаат на бизнисите да растат и успеваат.
Во моментот Дарко работи како фриленцер и надворешен соработник за Superside каде што секојдневно се среќава со истомисленици од целиот свет кои што заедно ги креират едни од најпримамливите дизајни во светот.
Се гледаме наскоро!
Не заборавајте да ја направите вашата резервација, преку следната форма: https://forms.gle/u8Uivo1hoiMSgfWZ9
*Поради големиот интерес, ве молиме направете резервација на вашето место. Со секоја резервација следува бесплатно кафе.
__________________________
Настанот е во организација на Startup Club Skopje, како дел од проектот RECONOMY – регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sidа), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Прегледи:
350
Категории:
Настани · Скопје
Објавено на:
22.03.2023