Категории

Од островот на куклите до музејот на лебарките, ова се најбизарните туристички атракции

Доколку сте љубители на авантурата и бизарното прочитајте нешто повеќе за овие 6 места кои станале бизарни туристички атракции.

Vale de la prehistoria – Куба

Областа се протега долж брегот, југоисточно од Сантијаго де Куба, до внатрешноста на планинскиот венец Монтана, со површина од над 80.000 хектари. За туристите е најинтересна праисториската долина на Damajayabo, каде се наоѓаат 196 камени чудовишта. Сите се во природна големина и изгледаат реалистично.

Храм Карни Мата – Индија

Храмот Карни Мата што служи како рај за стаорци, но тоа не е сé, на овие стаорци им се поклонува. Храмот е дом на околу 20.000 стаорци, а луѓето ги третираат со посебна почит и им нудат млеко. Храмот е посветен на божицата Карни Мата и е посетуван од бројни туристи.

Островот на куклите – Мексико

Приказната за овој остров започнува со Дон Џулијан Сантана, човек кој живеел на островот педесет години. Тој, откако дошол на островот, почнал да верува дека таму живее дух на девојче кое се удавило при посетата на островот. Сантана целиот остров го наполни со кукли обесени за дрвја. Некои луѓе веруваат дека во куклите се наоѓа духот на девојчето, и така островот на куклите, Isla de las Muñecas, стана една од најпопуларните туристички атракции во Мексико.

Музеј на познати лебарки – Тексас, САД

Овој концепт го измислил Мајкл Бодам, а музејот е дом на славни мртви лебарки кои се прикажани како уметнички дела. Меѓу нив, на пример, постои лебарка по име Либероачи, облечен во свечена облека. Покрај изложените мртви лебарки, Мајкл, исто така, чува живи лебарки.

Тематски парк “Светот на војната Секигахара“ – Јапонија

Секигахара е една од најважните битки во историјата на Јапонија. Битката се одржа во селото Секигахара, каде што е отоврен тематски парк за оваа приказна, како бизарна туристичка атракција. Во битката се бореле повеќе од 170.000 луѓе, а околу 60.000 биле убиени. На површина од 30.000 квадратни метри е направен тематски парк со 202 фигури во природна големина.

Карнер, куќата на коските – Австрија

Ова е најнеобичното, но исто така и најпопуларното место за посета ако сте во Халштад. Karner Bone е куќа која во која се наоѓаат 600 човечки черепи кои се насликани и украсени со цвеќиња и лисја. На черепите го пишува името на сопственикот, датумот на раѓањето и датумот на смрт. Зошто? Овие черепи се изложени во недостатокот на простор и потреба за “рециклирање” на гробови. Во Австрија постоела традиција за изнајмување на гробови, а по истекот на периодот за изнајмување, коските се преместувале во Карнер или коскената куќа.