Категории

Од овие нешта зависи дали некој ќе се заљуби во вас

Иако не постои баш конкретен одговор за тоа зошто некој се заљубува во некоја личност, постојат некои нешта од кои тоа значително зависи.

Заљубеноста и љубовта се манифестираат на многу различни начини – чувствуваме пеперутки, се смееме, среќни сме и посветени. Сепак, не е лесно да се пронајде вистинската љубов и секогаш се наметнува прашањето што е тоа што доведува до силна привечност помеѓу две особи..
Научниците истражуваа и открија што е тоа што доведува до некој да се заљуби во вас, еве што откриваат тие:

Ако се правите дека сте недостижни
Еден сајт за онлајн состаноци откри дека мажите биле повеќе заинтересирани за девојките до кои било „тешко да се допре“. Но ова се случува само во некои ситуации – кога мажот сам ја избира девојката, а не кога му е „доделена“.
Истражувњето покажа дека мажите многу побрзо паѓаат на девојките кои му се „недостапни“.

Ако не сте сигурни дали ви се допаѓаат
Едно истражување во кое на група мажи и жени им биле доделени слики да оценат дали им се допаѓаат припадниците на спротивниот пол,мажите за кои жените одговориле со просечна оценка биле многу по заинтересирани за тие жени, отколку за оние кои им доделиле повисока оценка.

Ако имате многу сличности со нив
Иако според некои мислења „спротивностите се привлекуваат“, тоа не е баш вистина. Еден автор на оваа студија откри дека партнерите кои се слични, живеат во слични области – семејство, кариера, имаат слични интереси и сфаќања, имаат многу поголеми шанси да се зближат и да останат заедно.

Прегледи:
434
Објавено на:
28.10.2019