Одберете една од десетте новогодишни елки и прочитајте подолу какви совети ви нуди таа.
1. Елка со златен ангел на врвот
2. Елка под која спие маче
3. Елка направена од книги
4. Бела елка
5. Елка со жолти панделки
6. Елка со лилакови украси
7. Елка со црвени украси
8. Елка со лампиони – свеќички
9. Елка со жолти сијалички
10. Елка со морски коњчиња
1. Елка со златен ангел на врвот
Во новата година зборувајте повеќе со луѓето кои ги сакате. Вистина е дека делата се поважни од зборовите, но понекогаш силната прегратка и добриот збор можат да помогнат многу кога навистина ви е тешко.
2. Елка под која спие маче
Дозволете им на другите да бидат различни. Доколку вие сакате да јаде пица, а другите не сакаат, тоа не треба да биде причина за расправија. И вие сте поразлични, но кога сте заедно се чувствувате добро, а тоа е најважно од се.
3. Елка направена од книги
Дедо Мраз доаѓа со полна вреќа подароци и ви носи прекрасни средби, затоа не заборавајте да ја отварате вратата! Понекогаш дури и убавите настани треба да дозволите да бидат дел од вашиот живот.
4. Бела елка
Што се случило во минатото, останува во минатото. Гледајте храбро кон иднината и не плашете се да ги остварите вашите цели. Ова ќе биде одлична и незаборавна година.
5. Елка со жолти панделки
Околу нас постојано има добри и фини луѓе. Ценете го тоа што луѓето го прават за вас и на тој начин ќе привлечете топлина и љубов кон себе. Можеби оваа година навистина ќе ве изненади.
6. Елка со лилакови украси
Постои личност на која вашата среќа и е многу важна. Тоа сте вие! Заблагодарувајте се секој ден затоа што постоите и никогаш повеќе нема да се почувствувате осамено.
7. Елка со црвени украси
Не плашете се од промените во новата година. Сакате да избегате од гужвите во градот и да поминете две недели на планина? Одлично! Секогаш следете ги вашите соништа.
8. Елка со лампиони – свеќички
Во новата година ќе пронајдете нешто што ќе биде лично ваше. Без разлика дали се работи за ново хоби, нова работа, нов дом или пак можеби нов партнер. Заљубете се и препуштете се потполно на љубовта!
9. Елка со жолти сијалички
Верувајте во чуда! Можеби некое чудо ве чека точно во новата година, па затоа дозволете му да ве изненади и возвратете со насмевка.
10. Елка со морски коњчиња
Во новата година трчајте! Трчајте кон саканиот, трчајте кон работата која ја сакате, не дозволувајте ниту една шанса да ви избега и живејте го животот со полна пареа.