Мразењето на шефот и работењето со него се како јајцето и кокошката – не се знае кое од кое потекнува или кое е причина за другото. Во секој случај, самото искуство е ужасно, а секојдневното одење на работа вам ви е вистински кошмар, токму поради шефот кој го мразите. Но, од друга страна, можеби токму ова е одлична прилика за учење, ако на ситуацијата и пристапите со вистинскиот став. За жал многумина работат со шефови кои што не треба да ја извршуваат таа функција, не се комплетни во секоја смисла. Факт е дека многу луѓе се на шефовски позиции а воопшто не треба да ја извршуваат таа функција. . Зошто всушност ги мразите своите шефови? Но, прашањето е дали можете да преземете нешто околу овој проблем? Овој пат нема да добиете совет дека ќе биде потребно да си ја пронајдете сопствената пасија, ниту пак да си го следите сонот, бидејќи тоа нема да ви помогне многу. Затоа е подобро самите да се обидете повеќе да си ја засакате Вашата работна позиција или да дадете отказ.
Џејмс Алтучер, познатиот американски претприемач и автор на книгата „Choose Yourself“ која е прогласена за една од 12-те најдобри книги со бизнис тематика, вели дека луѓето би требале да дадат отказ ако не се чувствуваат задоволни на работа. Тој претставува листа со причини поради кои вработените не се одлучуваат на тој чекор и нуди контра аргументи зошто тоа сепак би требало да го направат:
Сигурна иднина – сигурно работно место повеќе не постои
Дом – не мора да имате сопствена куќа или стан
Факултет – вашите деца не мораат да учат факултет
Вашиот шеф – и онака го мразите шефот
Колегите – ниту нив премногу не ги сакате
Работа – не уживате во работата која ја извршувате
Кога ќе дадам отказ ќе започнат да се случуваат лоши работи – не сакате еден ден да жалите за работите кои не сте ги направиле, животот е прекраток
Џек Велч, поранешниот извршен директор на компанијата GE кој по заминувањето во пензија во 2006 година ја доби најголемата отпремнина во САД од дури 417 милиони долари, советува пред да се одлучите да дадете отказ да се запрашете три прашања:
1. Одите ли на работа со грч во желудникот и страв од она што Ве чека?
2. Ја сметате ли вашата работа за интересна и со цел или само ги извршувате задачите за да добиете плата?
3. Учите ли уште и имате ли можност за напредување?