Категории

Одлична за сите, одговара со се: Оваа боја ќе ја одбележи следната сезона!

Дизајнерите пресудија. Оваа боја е најголем хит во моментов

Времето кога трендсетерките си поигруваа со јаки бои, судејќи според се, е зад нас. Бројни комбинации во беж боја можеа да се видат на Модната недела во Њујорк, а дизајнерите одлучија дека токму таа ќе биде моден хит на сезоната.

Иако многумина очекуваа парчиња со јаки бои и шарени аутфити, модните експерти поминаа во сосема друга насока. Неутралните и земјените тонови ќе преовладуваат во наредниот период.

Монохроматскиот стил е особено актуелен. Вклучени се сите нијанси на беж боја.

Заборавете на аутфит со јаки бои и препуштете се на беж доминацијата.

 

Прегледи:
541
Објавено на:
17.02.2020