Категории

Одморот може да заврши со природен темен тен добиен на безбеден начин

Одморот на море претставува опуштен одмор, но и забава, лежење на плажа, читање на омилената книга и сончање. Многумина сакаат да го завршат одморот со темен тен, па затоа голем дел од времето го поминуваат сончајќи се. Овие совети ќе ви помогнат да го добиете посакуваниот тен за побрзо време, но и на побезбеден начин.

  • Подгответе ја кожата со редовни пилинзи

Ако неколку пати неделно правите пилинзи на кожата ќе ги отстраните сите мртви клетки и вашата кожа подобро ќе ги впие сончевите зраци. Исто така, кожата подолго време ќе го задржи добиениот тен затоа што ќе потемне нов слој од кожата.

  • Користете лосион со заштитен фактор

Не е препорачливо да се изложувате на сонце ако претходно немате нанесено лосион со заштитен фактор, без разлика дали сонцето ви предизвикува изгореници или не. Лосионот нема да ја спречи кожата да поцрни, но ќе ја заштити од изгореници.

  • Јадете храна богата со бета каротен

Храната богата со бета каротен дополнително ќе и помогне на вашата кожа да ги впие сончевите зраци, а истовремено ќе ги внесете сите потребни витамини и минерали за нега на кожата.
Праските се богати со бета каротен, а во летните денови ги има на сите пазари и во сите продавници. Тие вооедно се и големо слатко освежување.

  • Време за сончање

Постои идеално време во текот на денот кога е најбезбедно и најефикасно да се сончате, а тоа е во попладневните часови.

  • Хидратација на кожата со хранлив лосион за тело

Доколку секојдневно нанесувате хидратантен лосион за тело ќе го спречите сушењето на кожата, а побрзо и подобро ќе потемнете.

Прегледи:
639
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
22.05.2019