Категории

Охрид во топ 5 градови во светот според “Lonely Planet”!

Веб страната посветена на патувањата, “Lonely Planet” ја објави својата годишна листа на топ дестинации за патување во 2017 година, а меѓу најдобрите 10 градови се наоѓа и нашиот Охрид на петтата позиција.

Првото место му припадна на градот Бордо, во Франција, кој според оваа веб страна е најпосакувана дестинација за патување за наредната година.

Иако порано бил нарекуван “Заспаната убавица”, овој град сега е буден и подготвен за акција. Од страната препорачуваат да се посетат многубројните вински лозја, како и да се доживее гастрономската револуција.

Веднаш зад него се наоѓа Кејп Таун во Јужна Африка, додека на третата позиција се најде секогаш атрактивниот Лос Анџелес, во Калифорнија. Меѓу првите топ 5 се најде и Мерида во Мексико на четвртото место, а листата ја заокружува прекрасниот Охрид.

“Со прекрасниот поглед на сините води на истоименото езеро, Охрид се простира на неверојатна локација која најдобро можете да ја видите доколку пловите со брод. Од водите можете да ги гледате старите покриви на ридот и да се воодушевувате на Самуиловата тврдина. Охрид се трансформираше од религиозен центар на Македонија со 365 цркви во најатрактивно туристичко одморалиште, а оддалечените плажи се најдоброто нешто што можете да го добиете”, пишува на “Lonely Planet”.

Ова е целосната листа на 10-те најдобри градови за патување во 2017 година:

1. Бордо, Франција
2. Кејп Таун, Јужна Африка
3. Лос Анџелес, САД
4. Мерида, Мексико
5. Охрид, Македонија
6. Пистоија, Италија
7. Сеул, Јужна Кореја
8. Лисабон, Португалија
9. Москва, Русија
10. Портланд, САД

Прегледи:
446
Објавено на:
26.10.2016