Категории

Омилениот актер од „Сам дома“ беше навлечен на дрога, а сега изгледа одлично!

Меколи Калкин сите го паметиме како преслаткото момче од популарниот филм „Сам дома“. Славата му донесе богатство поради кое стана зависник од хероин, а се чини дека конечно се извлекол од пеколот на дрогата.

Иако не сака да се појавува во јавноста, Меколи Калкин (38) присуствуваше на доделувањето на „Американските музички награди“. Меколи стана познат со филмот „Сам дома“ во 1990 година, а на 15 години го блокираше своето богатство вредно околу 17 милиони долари.


„Толку сум богат што можам цело време да седам со палецот во задникот и да гледам телевизија, а и понатаму би имал доволно пари за да ги пратам моите деца на факултет“, изјавил во една прилика Меколи Калкин иако сѐ уште не станал татко.

По неуспешниот брак со Рејчел Минер (38) од која се разведе во 2002. и осумгодишната врска со Мила Кунис (35), Калкин од минатата година е во врска со американската актерка Бренда Сонг (29), иако не се појави со неа на доделувањето на наградите.

Изгледа среќно и здраво – се некои од коменарите на познатите по доделувањето на наградите. Се чини дека Меколи конечно се опоравува од пеколот на хероинот и антидепресивите кои најмногу ги консумирал по раскинувањето со актерката Мила Кунис.

Прегледи:
930
Објавено на:
12.10.2018