Категории

Омилените парфеми на познатите дами

Истражувавме и дознавме кои се парфемите кои ги користат познатите дами ширум светот.

Ако размислувате да го промените својот парфем, или сакате да изненадите драга личност со нов парфем, ви донесуваме малку инспирација на таа тема.
Еве кои парфеми се заштитен знак на најпознатите и највлијателни дами.

Анџелина Џоли – Black Bvlgari
Анџелина неодамна откри дека е страсен љубител на бергамот, ружа, сандаловина, ванила и јасмин, а своевремено беше и заштитно лице на оваа куќа. Таа и ден денес го обожава овој парфем и вели дека секогаш ќе му остане доследна.

Принцезата Диана – Quelques Fleurs
Лејди Ди го носела овој парфем на својата свадба. Таа била голем љубител на цветните ноти на ружа и јасмин.

Одри Хепберн – Givenchy L’Interdit
Овој парфем бил специјално создаден за Одри. Едно време тој воопшто не бил во продажба затоа што сакала да го носи само таа.
Денес по нејзината смрт, е еден од најпродаваните парфеми ширум светот.

Прегледи:
750
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.01.2020